Нов закон за административни службеници: Отказ за две лоши оценки

6231 Views Декември 5, 2017 Македонија Никола Осило

Во македонското Собрание пристигна новиот Закон за административни службеници во кој меѓудругото се предвидуваат надоместоци за успешност и откази за службениците кои ќе добијат лоши оценки.

Имено, се воведува член во кој се вели дека на административниот службеник кој е оценет со годишна оценка „А“, му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец од годината за која се вршело оценувањето, доколку во буџетот на институцијата се обезбедени средства за таа намена.

За надоместокот одлучува секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, врз основа на предлог на непосредниот раководител.

Исто така во законот се воведува член според кој на административниот службеник му престанува вработувањето доколку биде оценет со оцена „Д“ два пати последователно или најмалку три пати во последните пет години.

Сите детали од законот ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!