Сопругата на Мицотакис дел од истрагата за „Рајските документи“

Името на сопругата на лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, Марева Грабовски Мицотакис, е наведено меѓу лицата опфатени со истрагата за „Рајските документи“. 

Според истрагата, таа е посочена како акционер во оф шор компанијата „Етерниа Капитал Менаџмент“, со седиште на Кајманските Острови во Карибското Море.

Весникот „Етнос“ тврди дека Мицотакис поседувала 50 отсто од акциите, а претходно таа раководела и со фонд со седиште на Британски Девствени Острови. 

За весникот, сопругата на Кириакос Мицотакис објасни дека кога од неа биле побарани документи во рамките на истрагата, таа била во странство и немала пристап до нив. 

Сепак, Грабовски Мицотакис наведе дека документите што ги побарале биле испратени од страна на компанијата.

Семејството на лидерот на Нова демократија веројатно со месеци однапред знаело дека се води истрага за оф шор компаниите и затоа еден ден пред да бидат објавени информациите за сопругата на партискиот лидер, Нова Демократија излезе со соопштение каде се наведени „добрите“ и „лоште“ страни на оф шор компаниите.

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Лани на Бермудите се одлеале најмногу пари: Има ли Македонци во „Рајските документи“

Поповиќ се огласи за „Рајските документи“: Не поседувам ниту една оф шор компанија

„Рајски документи“: Српски министер има имот и бизниси кои вредат повеќе од 100 милиони долари

„Рајски документи„: Мадона има удел во компанија за медицинска опрема, Боно во компанија на Малта

Нова мега светска афера, „Рајски документи„: Каде и како светската елита го крие богатството

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови