(ВИДЕО) Во Тајван регистрирано виножито кое траело девет часа

534 Views Декември 5, 2017 Свет Редакција Емагазин

Професори и студенти на кинескиот Универзитет за култура во планините во Тајпеј, Тајван, биле сведоци на виножито што траело рекордни девет часа.

Тие го документираа виножитото, а нивните забелешки, фотографии и видеоснимки покажаа дека виножитото траело од 6.57 до 15.55 – осум часа и 58 минути.

Доколку се потврдат овие информации, оваа виножито може да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Виножито обично трае неколку минути.

Видео: NEWS VEVO

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.