Екс- директорот на државната Лотарија, Владимир Бахчовановски стана адвокат

1092 Views Декември 5, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Поранешниот директор на државната Лотарија на Македонија стана адвокат. 

Според објавата на Централниот регистар тој основаше адвокатска канцеларија „Адвокат Владимир Бахчовановски“.

Бахчовановски беше на неколку раководни места во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пред да седне на директорската фотеља во Лотарија, раководеше со Ревизорското тело за претпристапна помош, како дел од бранот на кадровски промени кои го почна ВМРО-ДПМНЕ.

Беше директор и на Јавното станбено претпријатие и во ЈП Македонски шуми. 

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.