Ретки промени во лидерските фотељи кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ

1361 Views Декември 5, 2017 Наша тема Никола Осило

Македонската јавност е во исчекување на вонредниот конгрес на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на кој се најавува оставка на актуелниот лидер на партијата Никола Груевски.

Доколку навистина се случи тоа би била само трета смена на лидерското место во оваа партија од осамостојувањето на нашата земја досега.

Имено, претходнк на Груевски на престедателското место во партијата беше Љубчо Георгиевски кој оваа функција ја извршуваше од 90-тите години односно од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до 2002 година.

После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Љубчо Георгиевски. Тоа значи дека Груевски во мандатот го надминува и Георгиевски кој бил на чело на партијатата десетина година за разлика од Груевски кој веќе тера 15 години како партиски лидер.

Слична е приказната и кај СДСМ, каде што од осамостојувањето досега се сменија тројца лиедри. Првиот е Бранко Црвенковски кој на оваа позиција беше од 1991 година, па се до 2004 кога стана претседател на Република Македонија.

На вонредниот Конгрес на СДСМ за претседател на СДСМ е избран Владо Бучковски, кој ја предводи и Владата во периодот 2004 – 2006 година.

Актуелниот премиер и лидер Зоран Заев е претседател на СДСМ од 2013 година.

Фото:pinterest

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

БГНЕС: „Античкиот“ Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

Сите кандидати за наследник на Никола Груевски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!