Латас дојде во судот, судењето за „Тотал“ одложено за 7. декември

Судењето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 7. декември годинава.

Павловиќ-Латас дојде во судот и присуствуваше на денешното рочиште во Кривичниот суд. Судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски затапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“, а ново рочиштен закажа за четврток.

На осомничениот му беше укажано дека за правни застапници може да ги постави и неговите бранители, по што тие се обврзаа во текот на денов да достават писмен поднесок до судот. Доколку тоа не биде направено, судот по службена должност ќе одреди правни застапници.

Управителот на „Тотал Меди Центар“, Петар Вељановски бил уредно поканет, но се опправдал дека не може да дојде, бидејќи имал работни обврски во Скопје, а доставата ја примил неговиот татко кој не го информирал на време.

Одбраната денеска забележа дека дел од доказите на СЈО се поднесени на недозволен начин, на што судијката одговори дека таа за тоа не е надлежна, туку судскиот совет кој одлучил да почне постапката. 

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Бубевски: На 7 декември ќе почне главната расправа за „Тотал“

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО очекува в четврток да почне главната расправа за случајот „Тотал“.

Според него, на денешното рочиште се покажало дека судот доследно си ги применува одредбите од Законот за кривична постапка и дека се обидува да создаде услови за започнување на главната расправа.

- Мислам дека на 7 декември ќе почне главната расправа, изјави Бубевски по завршувањето на денешното рочиште.

Тој посочи дека одбраната и денеска се повикала на снимките дека се незаконски набавени и додаде дека е познат ставот на Јавното обвинителство за тоа.

-Одбраната се повикува дека некои докази се прибрани на незаконит начин и бара рочиште пред рочиште на кое би ги изнеле своите аргументи. Меѓутоа, судот кажа дека ценел оти нема потреба од такво рочиште и дека сите забелешки ќе имаат право да ги кажат на главната расправа, рече Бубевски. 

МИА/Фото: ТВ Сител

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.