Винчини постави природни елки во Капитол Мол

411 Views Декември 5, 2017 Локално Редакција Емагазин

За престoјниот празничен период, „Винчини“ постави декоративни природни елки во „Капитол мол“ кои го разубавија просторот, а воедно ќе служат и како природни прочистувачи на амбиенталниот воздух во молот.

На прекрасните зимзелени дрвца не се поставени новогодишни украси, но наскоро тие ќе заблескаат во празнични декорации.

Винчини и Капитол Мол ги покануваат посетителите на молот да донесат украси по своја желба, рачно изработени, распар или постари украси кои веќе не ги поставуваат на своите елки во домот, па заедно да ги украсиме. Откако ќе бидат украсени, природните новогодишни елки ќе бидат донирани и засадени во дворовите на 10 градинки и учлишта во Скопје.

„Сите ние, возрасните и децата, најмногу се радуваме за време на празниците кога ја украсуваме новогодишната елка во домот.

Со оваа поинаква празнична акција, сакаме да ја споделиме и прошириме таа радост помеѓу луѓето кои случајно се среќаваат, едвај се познаваат или како соседи можеби немаат прилика да делат многу заеднички мигови.

Сега елките светат само со својата природна убавина, но ние се надеваме дека наскоро тие ќе бидат најубаво украсените новогодишни дрва во градот. Винчини ве поканува во Капитол Мол, да го поставите вашиот украс на елките и заедно да ја споделиме магијата на празниците“ – вели Марина Андреева, маркетинг координатор во Винчини.

Меѓудругото, природните елки кои сé уште се живи дрва со корени во земја, се добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрва и грмушки се лепат секакви прашинки и нечистотии.

Новогодишните природни елки, изгледаат многу пораскошно од вештачките, а допринесуваат за потопла атмосфера и пријатен мирис во просторот.

Во зимскиот период, кога жителите на Скопје се загрижени за квалитетот на воздухот во градот, секој вложен напор да се влијае позитивно на оваа ситуација е вреден и добронамерен.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.