Писмата на Грета Гарбо откриваат колку таа била осамена

465 Views Декември 5, 2017 Забава Редакција Емагазин

Колекцијата писма на шведско-американската актерка Грета Гарбо, што наскоро ќе се најдат на наддавање, откриваат колку оваа мистична холивудска ѕвезда била „осамена и изолирана“, јавува Би-Би-Си.

Во писмата до своите блиски во Шведска, таа ја опишува својата депресија и како раскошот на Беверли Хилс веднаш би го заменила за шведската природа. Гарбо претпочиташе живот далеку од очите на јавноста и таблоидите, па се до смртта во 1990 година, тоа остана мистерија.

- Се возам на плажа и шетам, и тоа е секогаш чудесно. Но, тоа е тоа, се вели во едно од писмата.

Гарбо сними 28 филмови и беше позната како „божествена", но и како многу затворена лиочност. Често одбиваше да дава интервјуа и автограми, не се појавуваше на премиерите и не одговараше на писма на обожавателите. Никогаш не се омажи.

Купчето 36 писма, напишани меѓу 1930 и 1940 година, ќе бидат ставени на аукција во лондонската куќа „Сотби“. Почетната цена е проценета на 15.000 до 20.000 фунти. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.