Австрискиот Уставен суд ги легализираше хомосексуалните бракови

261 Views Декември 5, 2017 Свет Редакција Емагазин

Уставниот суд на Австрија денеска ги легализираше хомосексуалните бракови.

Според одлуката на Судот, забраната на хомосексуалните бракови го нарушува принципот на еднаквост и австриските власти најдоцна до 2019 година ќе мора да почнат да им издаваат потврди на хомосексуалните двојки.

Во 2010 година австрискиот Парламент им овозможи на хомосексуалните двојки да се регистрираат во граѓански партнерства, но не и брак.

Со оваа одлука, хомосексуалните бракови се изедначени со хетеросексуалните во 16 земји-членки на Европската унија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.