Последната сезона од „House of cards" ќе се снима без Спејси

404 Views Декември 5, 2017 Забава Редакција Емагазин

Нетфликс соопшти дека последната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти" ќе се снима следната година, но без главната ѕвезда - Кевин Спејси, кој се соочува со неколку обвинувања за сексуално вознемирување.

- Снимањето ќе почне на почетокот на 2018, но без Спејси, изјави Тед Сарандос од Нетфликс, при што нагласи дека последната сезона ќе има осум епизоди.

Приказната на серијата го следи американскиот политичар олицетворен во ликот на Френк Андервуд, кој го глуми Спејси, и неговата сопруга Клер, одиграна од Робин Рајт, која ќе се појави и во последната сезона.

Двојниот оскаровец Кевин Спејси периодов се соочува со тврдењата за сексуално вознемирување на режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и лице кое претпочита да остане анонимно. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.