Нова апликација за тргување на Македонска берза

869 Views Декември 5, 2017 Техно Редакција Емагазин

Апликацијата eTrader е новата електронска алатка на Македонската берза наменета за крајните корисници со која отсега тие ќе може преку интернет да го следат тргнувањето и својата финансиска состојба.

Со оваа апликација се заменува традиционалниот начин на тргнување со кој клиентите мораа да одат кај брокерските куќи за да ги потпишуваат налозите за тргнување.

Со тоа се заштедува време, а на крајните корисници во секое време им се овозможува да даваат електронски налози до брокерите и да го следат тргнувањето.

Директорот на Македонската Берза, Иван Штеријев денеска изјави дека апликацијата има високо ниво на безбедност и е лесна и едноставна за користење.

- Потребно е само еднаш да се отиде кај брокерската куќа или кај банката и да се потпише сетот документи и потоа, за разлика од досега, не мора физички да се оди кај брокерската куќа и да се потпишуваат безброј налози за купување или продавање, рече Штеријев на денешната презентација на новата апликација.  

Засега нема мобилна верзија на апликацијата, но од Македонска берза најавуваат дека тоа ќе го сторат до крајот на следната година.

Извор/фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести