Му украле „БМВ“ додека пазарел во продавница на Аминта Трети

1006 Views Декември 5, 2017 Локално Никола Осило

На 04.12.2017 година во 21,00 часот О.М.(31) пријавил дека истиот ден околу 20,40 часот на ул. Аминта Трети од страна на непознато лице му било одземено патничко возило „БМВ“, информира МВР.

„Сторителот го искористил невниманието на оштетениот, додека О.М. бил во продавница, а возилото му работело со клучот на бравата, влегол во него и незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Фото: luxurylaunches

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!