Македонија на второ место во Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје

796 Views Декември 5, 2017 Македонија Никола Осило

Македонија е втора земја од Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје, веднаш за Косово кое го зазема првото место. Најголем дел се жртви на семејно насилство, покажа компаративното истражување на Центарот за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа.

„Македонија нема прецизна статистика колку убиства со огнено оружје се извршени како резултат на семејно насилстно. Последните три до четири година има 20 убиства, можеби и повеќе.

Податоците со кои ние располагаме покажуваат дека и дел од жртвите побарале помош од центрите за социјална работа и од полицијата, но тие не реагирале соодветно поради што исходот бил трагичен“, изјави Бети Пеева од НВО „Ехо“.

Според невладините организации, при издавање оружје треба да се контролира целокупната историја на лицето што добива дозвола, а со посебна внимателност треба да се следат полицајците и војниците и сите лица што по службена должност имаат допир со оружје.

Фото: penlive.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!