Десет златни правила како да заштедите

Како да заштедам пари? Ова прашање си го поставуваме секојдневно, бидејќи без штедење тешко дека може да се реализира некоја поголема инвестициха, а да не се подигне кредит.

Овие десет совети Вас ќе ви помогнат да воспоставите контрола над своите финансии, и да ја остварите целта која сте ја зацртале.

1.Евиденција на расходи
Многу е важно да имате евиденција на сите трошоци и тоа прецизна. Во тоа ќе ви помогнат изводите од банка во кои се прикажани сите плажања преку картички. Единсвен начин да утврдите каде ги трошите парите е преку следење и забележување на трошоците. Најдобро би било евиденцијата да ја водите секојдневно, а пресекот да го правите неделно, односно на крајот на месецот.

2.Редовно плаќајте сметки
Еден од начините да заштедите е да ги плаќате сметките навреме. За редовно плаќање ан сметките може да добиете и попуст. Од друга страна ризикувате пресметување на камата и бројни казним кои на крајот на денот треба да ги платите.

3.Рационално однесувајте се на распродажби
Акциите секако се да платите за одредена работа помалку пари, но за вас ќе биде поволно сако ако без исклучок го купувате она што вас навистина ви е неопходно, а не затоа што е на попуст. Затоа кога ќе започнат попустите, направете список на она што ви е неопходно кога купувате на распродажба и држете се до тоа-не отстапувајте.

4.Следете ги цените
Само кога одите да купите храна може и тоа како да заштедите. Распониот на цените не само што осцилираат од град до градм туку и од продавница до продавница, па дури и во исто соседство, така што прошетката од еден до друг маркет може да ви донесе значајна затштеда. Најголемите разлики во цени се мај месните преработки, но и кај млечните, па затоа обратете внимание.

5.Храна на работа
Наместо да нарачувате сендвичи или брза храна на работа, направете си јадење од дома. Дневно на овој начин може да заштедите од 15- до 500 денари.

6.Плаќајте со кеш, а не со картичка
Кога можете плаќајте во готовина, а ако користите кредитна картичка распрашајте се дали продавницата каде што купувате овозможува плаќање на рати без камата, некои банки имаат договор со трговците, така што може да плаќате со картичка, на одложено и до 12 месеци без камата. Секако ова се користи само за поголеми набавки.

7.Намалете го пушењето
Пушачите главно знаат месечно да потрошат и по 6.000 денари. Ако не можете да се откажете од пушењето, обидете се барем да го намалите бројот на испушени цигари

8.Потрошувачка на струја
Голем трошок за секое семејство се парите за потрошена електрична енергија. Затоа вклучете ја машината за переше алишта, за садови, за сушење на алишта, бојлерот или печката за греење кога има евтина струја

9.Штедење во банка
Времето покажува дека сите кои штеделе во денари биле во добивка. Затоа ако можете штедете во банка, бидејќи каматните стапки се примамливи.

10. Разум
И за крај имајте на ум дека најдобро може да се заштеди кога се троши разумно и разионално.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.