Исчезна професорката Сњежана Тројачанец

511 Views Декември 5, 2017 Да помогнеме Никола Осило

Во скопската населба Тафталиџе од нејзиниот дом денеска исчезнала Сњежана Тројачанец, 52. годишна професорка на Земјоделскиот факултет. На социјалните мрежи се споделува постот во кој нејзини пријатели апелираат за помош. Според информациите што ги објавија дел од медиумите, таа боледувала од депресија.

„Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Сњежана Тројачанец. Пред седум часот. Слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пижами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете. Населба Тафталиџе“, пишува во постот што се шири на Фејсбук.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести