Владата ќе ја укине забраната за продажба на алкохол после 19 часот

777 Views Декември 6, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот во продавниците. Владата на вчерашната седница одлучи да се укине и лиценцата за алкохол и тој да може да се продава насекаде, како што беше порано.
 
„Министерството за економија на владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави Предлог за изменување на законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца“, стои во соопштението на Владата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.