„Шпаркасе банка“ со МВР спроведува истрага за кражбите од сефовите во банката

1563 Views Декември 6, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

„Шпаркасе банка“ – Македонија во соопштение до јавноста информира дека продолжува со редовно работење со сефовите, откако МВР соопшти дека пет граѓани пријавиле исчезнување на предмети и на пари од сефовите во објект на банката.

Од Банката велат и дека спроведуваат истрага заедно со МВР и оти ги преземaат сите мерки за да ги заштитат интересите на клиентите.

„„Шпаркасе банка“ – Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи, во согласност со законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење. „Шпаркасе“ продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење, во согласност со поставените интерни процедури и законските прописи„, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Обвинителството се вклучи во истрагата за кражбите од сефови на Шпаркасе банка

Колку чини да се изнајми сеф во Шпаркасе банка?

Грабежи во Шпаркасе, Комерцијална, НЛБ: Парите побезбедни под перница отколку во банка? 

МВР: Граѓани пријавиле дека им недостигаат пари и предмети од сефовите на Шпаркасе банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.