Грабежи во Шпаркасе, Комерцијална, НЛБ: Парите побезбедни под перница отколку во банка?

5652 Views Декември 6, 2017 Бизнис Никола Осило

Откако петмина граѓани пријавиле во Министерството за внaтрешни работи дека им недостигаат пари и предмети од сефови што ги изнајмиле во Шпаркасе банка се поставува прашањето колку се сигурни ваквите сефови и воопшто македонските банки ако при тоа се земе предвид хронологијата на грабежи што се случија само во изминатава година и половина.

Имено, во октомври минатата година беше пријавен трет случај на грабеж од сеф од битолската филијала на Комерцијална банка.

На 28.10.2016 година околу 10,00 часот С.Ј.(66) година пријавила во СВР Битола, дека во временскиот период од 10.06.2016 до 28.10.2016 година непознат сторител со употреба на подесно средство ја отклучил и ја отворил вратничката од сеф во Комерцијална Банка АД „Скопје“ филијала Битола и од метална касета одземени биле 836.902 денари.

По првите два случаи, Комерцијална банка излезе со соопшение, во кое негираше дека постои можност вработен самостојно да отвори сеф и дека се работи за непотврден случај на внатрешна злоупотреба. Тогаш беше пријавено дека од сеф во филијалата во Битола недостасуваат два плика со по 20.000 канадски долари или вкупно 40.000 долари.

Се најавуваше дека извршителите ќе се бараат со ДНК анализа, но до денес не беше соопштен епилог од овој грабеж.

Во изминатиов период се случи и грабежот на историјата во НЛБ банка кога група вработени организирано ограбија неколку милиони евра кои и денес остануваат енигма за надлежните органи и покрај тоа што беа откриени и осудени извршителите на грабежот.

Така што по најновиот грабеж во Шпаркасе банка попусто се нивните објаснувања дека со МВР трагаат по сторителот, туку треба да објаснат како воопшто дозволиле да настрадаат сефовите на пет граѓани, кои таму можеби чувале предмети кои за нив имаат бесценета вредност, што ниту едно осигурување не може да го покрие.

Фото:itv.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Обвинителството се вклучи во истрагата за кражбите од сефови на Шпаркасе банка

Колку чини да се изнајми сеф во Шпаркасе банка?

„Шпаркасе банка“ со МВР спроведува истрага за кражбите од сефовите во банката

МВР: Граѓани пријавиле дека им недостигаат пари и предмети од сефовите на Шпаркасе банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!