Кој е Христијан Мицкоски, најсериозниот кандидат за наследник на Груевски

Една од главните теми во јавноста, но и во медиумите, деновиве е кој ќе го замени од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во исчекување на вонредниот Конгрес на партијата се шпекулира со неколку имиња, но како најсериозен кандидат се споменува поранешниот директор на ЕЛЕМ, и Генерален секретар на партијата, Христијан Мицкоски.

Кој е Христијан Мицкоски?

Мицкоски е роден на 29 септември 1977 година. Оженет е, и е татко на две деца.

Во 2016 година беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на државната енергетска компанија ЕЛЕМ.

Од 2014 година е вонреден професор на Машински факултет во Скопје. Претходно во периодот од 2009 до 2014 година е доцент на истиот факултет, а во периодот од 2004 до 2009 година, асистент.

Во периодот од 2002 до 2004 година е помлад асистент на Машински факултет. 

Дипломирал на истиот факултет и е Доктор по технички науки-машинство и е Магистар по машински науки.

Во ВМРО-ДПМНЕ моментално е на позицијата Генерален секретар, а бил и претседател на кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ, дел од Републички изборен штаб на изборите во 2011 година, дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите во 2008, 2014, 2016 година и Ко-претседател на Комисијата за енергетика во периодот од 2010-2012 година.

Бил и член на конгресите на партијата во 2003 и 2015 година.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

БГНЕС: „Античкиот“ Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

Сите кандидати за наследник на Никола Груевски

Политичката кариера и приватниот живот на Никола Груевски во 30. точки

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.