Хит во најава: Автомобили ќе се купуваат на претплата како телефони

Автооблската индустрија одлучи да се прилагоди на новата генерација на купувачи, па така посакуваниот авомобил ќе може да го отплаќате како и вашиот телефон.

Последниот пример доаѓа од шведската компанија Волво која најави дека нивниот СУВ ќе може да се набави не само преку класична продажба или лизинг, туку и преку претплата.

На автомобилскиот саем во Лос Анџелес изминатата недела од Волво најавија дека моделот XC40 може да се добие на претплата од 600 долари месечно со договор на две години, слично како на пример на претплата се купуваат нови модели на мобилен телефон.

Слични модели веќе нудат и автомобилските коимпании Фоорд и Порше. Купувањето на автомобили на претплата во основа е слично како земањето на лизинг, но не е баш исто.

Кога автомобилит се зема на лизинг, корисникот на месечна база го плаќа изнисот за знајмување на автомобилот додека не истече договорот за лизинг, со опција подоцна да се откупи и со правило сам да плаќа регистрација и сите сруги трошоци.

Кај претплата на автомобили, разликата во однос на лизингот е во времебскиот оквир и во дополнителните трошоци, како што е регистрација и слично.

Во теорија наместо да е врзан на лизинг, корисникот кај претплатата моќе да одлучи да нема автомобил во текот на десет месеци кога работи во градот затоа што користи јавен прева потоа да земе двомесечна претплата на лето кога оди на годишен одмор или ако одлучи малку да патува.

Претплатата вклучува осигурување и регистрација, а за разлика од лизингот, во зависност од договорот корисникот не мора да има опција да го купи автомобилот кога ќе истече договорот.

Претплатата на автомобили, очигледно е обид на автомобилската индустрија да се прилагоди на генерацијата миленизација за која погрешно се веруваше дека не се воодушевени  од идеата за спствен автомобил.

Сепак се покажа дека треба малку да се прилагоди. Моделот на претплата претсавува помала обврска од лизингот и од купување на автомобил, а сепак е рактична и евтина од класичното изнајмување на автомобил.

МИА/Фото: Thinkstock

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.