Граѓаните веќе нема да имаат обрска да поднесуваат годишна даночна пријава

4440 Views Ноември 10, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

На вчерашната седница Владата го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата, се наведува во соопштението.

Владата во август донесе одлука со која граѓаните се ослободени од обрската за поднесување годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи (УЈП), од следната година. Беше сменет и начинот за поднесување на пријавите.

Со промените, УЈП ќе ги собира сите податоци за остварените приходи на физичките лица, во електронска форма, и потоа ќе ги доставува на граѓаните на увид, доколку има потреба од дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе може да ги провери своите податоци, преку сопствена лозинка, која ќе му овозможува влез до пријавата доставена од УЈП. Граѓаните ќе можат и да додаваат податоци кои не се внесени.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови