Поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ советник на Еди Рама

206 Views Ноември 10, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ веќе подолг период е еден од советниците на албанскиот премиер Еди Рама.

Ова го потврди лично Рама на заедничката прес конференција во Тирана, со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан.

- Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што  никогаш не е доцна кога дава совет, одговорил Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.

Педесет и едногодишниот Милановиќ ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 година.

Фото: Индепендент

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови