На виенскиот аеродром се поставуваат биометриски апарати за препознавање на лица

175 Views Ноември 10, 2017 Свет Редакција Емагазин

На аеродромот во Виена се воведува гранична контрола во автоматски биометриски апарати за идентификација на лица, кои во моментов се инсталираат на електричните влезови, а ќе бидат пуштени во употреба на почетокот  на декември. 

Прво ќе биде скениран пасошот на патникот, а потоа апаратите ќе го сликаат неговото лице, со што автоматски ќе биде извршена контрола. 

Причината за воведувањето на таквиот вид на проверка е промената во шенгенскиот граничен кодекс.

Тој предвидува податоците на граѓаните од Европската унија да бидат споделувани во шенгенскиот информациски систем при патуваата во Унијата. 

Од 7 октомври земјите од Шенген зоната се задолжени да прават целосна контрола како на лицата од ЕУ, така и на граѓаните од трети земји. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови