И Мараја Кери обвинета за сексуално вознемирување

233 Views Ноември 10, 2017 Забава Редакција Емагазин

Мараја Кери, наводно, го нарекувала својот поранешен шеф на обезбедувањето, Мајкл Анело, нацист, скинхед, член на Кју клукс клан и бел расист, објави TMZ.

Анело вели дека неговата компанија работела за Мараја од јуни 2015 до мај 2017 година и не само што му останала должна повеќе од 200.000 долари, туку не му ја дала ветената сума за дополнителната двегодишна работа, од 511.000 долари.

TMZ пишува дека тужбата сега е паузирана, бидејќи двете страни веројатно се обидуваат да се договорат.

Во обвинението, Анело вели дека Марија ги понижувала него и неговите колеги, и дека Марија „сакала да биде опкружена со црни момци, а не со бели луѓе“.

Во тужбата има и наводи за сексуално вознемирување, според кои Кери правела „сексуални акти со намера Анело да ги гледа“.

Според TMZ, Анело тврди дека за време на посетата на Кабо Сан Лукас, Мексико, Марија побарала од него да дојде во нејзината соба за да ѝ го премести багажот; а кога дошол таму, таа, наводно, носела „отворено неглиже“.

Тој вели дека пробал да замине, но таа инсистирала да го премести багажот. Тој вели дека ја напуштил собата и немало физички контакт.

Агентите на Мараја за Дејли бист велат дека контактирале со адвокатот на Анело и биле согласни да платат одредени фактури, но дека Анело не е задоволен од сумата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови