Движењето „Сајленс брејкерс“ - личност на годината според Тајм

456 Views Декември 6, 2017 Свет Редакција Емагазин

Личност на годината, според американското списание „Тајм“ е движењето „Сајленс брејкерс“ (The Silence breakers) кое ја иницираше приказната за превенција на сексуалното вознемирување.

Групата е составена од жени кои прозбореја за сексуалното злоставување и силување. Групата е тесно поврзана со хаштагот #MeToo, кој „експлодираше“ откако се појавија обвинувањата за злоставување против холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.



На тој начин, меѓу личности на годината се најдоа Ешли Џуд, Сузан Фолер, Тејлор Свифт, Адам Ајви и Изабел Пасквал. „Тајм“ објави дека Вајнстин сексуално злоставувал жени во изминатите 30 години.

На листата актерки кои се сексуално злоупотребени од Вајнстин се и Анџелина Џоли, Рози МекГаун, Кејт Бекинсејл, Кара Делавињ, Леа Седокс, Гвинет Палтроу, Ешли Џад, Амбра Батињан, Хедер Греам, Томи-Ен Робертс, Росана Аркет, Кетрин Кендал, Џудит Годеш, Дон Данинг, Емили Нестор, Лора Мејден, Зелда Перкинс, Луција Еванс, Асиа Аргенто, Мира Сорвино, Ема де Конес, Џесика Барт, Лорен Сиван, Рамола Гараи, Луисет Гис, Сара Ен Мас, Лиза Кемпбел, Зои Брок и Лиус Годболд.

Главниот уредник на „Тајм“ Едвард Фалсентл порача дека сведочиме на најголемата општествена промена во изминатите децении.

- Се започна со индивидуални, храбри објави на стотина жени и мажи, кои одлучија да ги раскажат своите приказни, изјави тој.

Списанието „Тајм“ бира Личност на годината од 1927 година, со образложение дека се избира „личност или група луѓе кои најмногу влијаеле на вестите во текот на изминатата година, без разлика дали за лошо или добро“. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.