Дарко Димовски нов претседател на ССМ

336 Views Декември 6, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

В.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран преку јавно гласање со мнозинство гласови.

Претходно дел од синдикатите ја напуштија седницата, а кандидатот за претседател Пецо Грујовски од УПОЗ изјави дека се работи за најконтроверзниот конгрес.

- Во оваа прилика немам што да изјавам освен дека изгуби Сојузот на синдикати на Македонија и работници, изјави Грујовски. 

Извор/фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.