Путин пак ќе се кандидира за претседател на Русија

372 Views Декември 6, 2017 Свет Редакција Емагазин

Актуелниот руски претседател Владимир Путин ќе поднесе кандидатура за нов претседателски мандат на изборите во март 2018 година. 

- Ќе се кандидирам за местото претседател на Руската Федерација, изјави Путин, при обраќањето пред работници во фабрика за автомобили во градот Нижњи Новогород.

Тој истакна дека не можел да најде подобро место и подобар момент за да ја соопшти кандидатурата.

Откако ја најави кандидатурата, работниците одлуката на Путин ја поздравија со бурен аплауз, изразувајќи ја својата поддршка.

- Ви благодарам на оваа реакција, а пред се ви благодарам за вашиот труд. Ви благодарам за вашиот однос кон работата, претпријатието, градот, државата. Убеден сум дека се ќе биде добро, истакна Путин.

- Русија ќе оди само напред и во тоа движење никој и никогаш нема да ја запре, истакна рускиот претседател.

Путин првпат беше избран за претседател на Русија во март 2000 година, а во 2004 беше реизбран. Од 2008 до 2012 година ја предводеше руската влада, а од 2012 повторно застана на ќело на државата.

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март 2018 година, а наскоро треба да почне и изборната кампања.

Според анкетата на државната ВТСИОМ, спроведена во септември, рускиот претседател ужива доверба кај 82 отсто од гласачите

Засега, учество на претседателските избори најавија претседателот на Либерално-демократската партија Владимир Жириновски, лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, предводникот на либаланата „Јаблоко“ Григориј Јавлински, новинарката Екатерина Гордон, активистката Ксенија Собчак и бизнисменот Борис Титов.

Според анкетата она „Левада центар“, објавена пред два дена, само 58 отсто од избирачите планираат да излезат на избирачките места. Аналитичарите наведуваат дека тоа нема да претставува закана за реизборот на Путин за нов мандат до 2024 година, но создава проблем со легитимитетот на неговата победа.

Пред неколку месеци, Кремљ рече дека очекуваат активност од околу 70 отсто.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.