Исчезнатата професорка пронајдена мртва од случаен минувач

408 Views Декември 6, 2017 Локално Редакција Емагазин

Скопската полиција извести дека денеска околу 13 часот во близина на устието на Серава во Вардар во Карпош 4 е пронајдено телото на исчезнатата професорка од Скопје, 52-годишната Снежана Тројачанец. Нејзиното тело го забележал минувач.

Тројачанец беше пријавена за исчезната повеќе од 24 часа. Апелот за нејзино пронаоѓање на социјалните мрежи го упати нејзиното семејство, но за жал, безуспешно.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.