(ФОТО) Новиот Jeep Compass пристигна во салонот на Аутомобиле СК

Aутомобиле СК ја збогати својата гама со комплетно новиот Jeep Compass. Oтсега страсните љубители на приемиум автомобили имаат можност и одблиску да уживаат во овој нов компактен SUV.

Tрадицијата на Jeep за најдобри во класата 4х4 off-road способности кај новиот Compass се спојува со современиот и автентичен Jeep дизајн, одличната возна динамика и богатата палета напредна технологија за поврзување и безбедност. 



Jeep Compass е на располагање во една бензинска верзија со мануелен менувач и три дизел верзии, достапни со мануелен и со автоматски менувач. Бензинскиот 1,4 MultiAir2 Turbo мотор со 140 КС има погон на предните тркала преку шестбрзински рачен менувач. Љубителите на дизел моторите ќе можат да избираат меѓу 1,6 и 2,0-литарски MultiJet мотор – првиот со 120 КС, а вториот и до 170 КС во комбинација со 9 степен автоматски менувач.



Новиот модел го следи елегантниот и аеродинамичен профил, фокусирајќи се на секој детаљ, од хромираните елементи до решетката со седум отвори, а убавината комплетно доаѓа до израз со дизајнот на хипнотизирачкиот LED потпис на предните светла.



Вистински комфор е да можете секогаш да уживате во сигурно и безбедно возење. Кај компактниот SUV се достапни преку 70 сигурносни и безбедносни карактеристики во комбинација со најновата технологија и современиот инженеринг.

Новиот Jeep Compass ги освои петте престижни ѕвездички на EuroNCAP благодарение на позитивните резултати во сите категории кои се однесуваат на заштитата на возрасни патници, деца, пешаци и на системите за безбедност и помош при возење.

Извајани форми, дизајнерски елементи со потписот на Jeep висококвалитетни материјали, како и врвна технологија е сè она што ја прави внатрешноста на новиот Jeep Compass совршено место за вашите патувања. Заборавете на конвенционалното искуство при возење SUV, добредојдовте во ново искуство збогатено со избор на достапни бои на седишта обвиткани во кожа, врвни иновации и многу повеќе.

Зачекорете во иднината на софистицираноста и елеганцијата. Новиот Jeep Compass во салонот на Аутомобиле СК е достапен веќе од 22.500 евра.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови