Објавени детали од тестаментот на синот на сопственикот на Џамбо, кој загина во сообраќајка

2781 Views Декември 7, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Грчките медиуми деновиве објавија детали од тестаментот на Џорџ Вакакис (24), синот на сопственикот на Џамбо, Апостолос Вакакис, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Интересен детал е дека тестаментот е напишан рачно и бил составен три месеци пред Вакакис да загине во страотната сообраќајна несреќа која се случи во февруари годинава.

Дел од неговото богатство кое го добил од неговиот татко, го остава на неговата мајка, а остатокот на неговиот татко.

На неговата помала сестра и ја оставил куќата во Атина.

Како што неодамна пишуваше еМагазин мажот кој во сообраќајката ја загуби фамилијата од неговиот татко бара оштета од 4 милиони евра.

Ланецот Џамбо е присутен и во Македонија, со продавници во Скопје и Тетово.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Мажот кој во сообраќајка предизвикана од синот на сопственикот на Џамбо, ја загуби фамилијата, сега бара оштета од 4 милиони евра

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.