Бројчаникот на Заев никако да почне да врти

Во Саудиска Арабија деновиве беше спроведена масовна акција за справување со корупцијата во која беа уапсени 200 бизнисмени и политичари, а меѓу нив е и најбогатиот Арап во светот, принцот Алвалид бин Талал. 

Во текот на истрагата се замрзнати околу 2.000 банкарски сметки. Веќе се знае и колку пари ќе бидат запленети од уапсените, од 50 до 100 милијарди долари, кои ќе легнат на специјална сметка.

Се знае и за што ќе се искористат парите- за економски развој на земјата.

Интересно во целата приказна е што се се реши за еден месец.

Кај нас, работите одат многу поспоро, иако важиме за подемократска земја од Саудиска Арабија..

Со години слушаме дека парите кои наводно ги украла претходната власт преку корупција, ќе му бидат вратени на народот и дека на Триумфалната порта ќе биде поставен бројчаник, кој ќе ги брои истите, како што вети премиерот Зоран Заев, но од најавите засега нема ништо.

Ни пари, ни бројчаник. Ни па знаеме кој каде има сметки и колку пари ќе му се вратат на народот.

Но затоа за ситни политички поени секојдневно сме бомбардирани од медиумите блиски до новата власт, кои „дознаваат“, кој колку крадел и колку трошел од претходната власт.

Како што стојат работите, како што вели еден твит, додека да почне да врти бројчаникот за „украдените“ пари на претходната власт, Заев можеби ќе треба да постави уште еден и за актуелната власт.

Фото: Билд

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.