Весникот Вечер го прославува 54. роденден

Весникот Вечер го прославува својот 54-тиот роденден. Еден од најпрепознатливите македонски брендови и весник со рекордни тиражи во Македонија повеќе од пет децении опстојува на медиумскиот простор.

На 11 ноември 1963 година излезе од печат првиот број на првиот вечерен информативен весник на НИП “Нова Македонија”. Првиот број е отпечатен на 16 страници.

Во првиот број на Вечер се објавени вкупно 82 текста и 31 фотографија. Првиот новинарски состав броел 35 вработени. Низ весникот поминаа генерации и генерации новинари.

На чело на Вечер денеска се две дами – Весна Миќиќ Божиновска на позицијата главен и одговорен уредник и Елизабета Арсоска, заменик главен и одговорен уредник, под водство на генералниот директор Бобан Богдановски Андрески.

Фото: Вечер

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови