Груевски и Јанакиески во суд: Продолжува судењето за „Насилство во Центар“

Ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.

На претходните рочишта за овој случај вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.