Реформи во Еврозоната: Ќе се формира Европски монетарен фонд

Пакет мерки за реформирање на еврозоната и зголемување на нејзината отпорност кон идните кризи денеска беше предложен од страна на Европската комисија.

Помеѓу предлозите е и предлогот спасувачкиот фонд на еврозоната – Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да се трансформира во Европски монетарен фонд (ЕМФ).

Според предлогот на Комисијата, ЕМФ ќе треба да обезбеди кредити за земјите членки кои се во финансиски проблеми, но и да развие нови финансиски инструменти кои би биле користени за давање дополнителна помош на членките погодени со финансиски проблеми.

Европската комисија предложи и формирање функција европски министер за економија и финансии, кои со работа би почнал од ноември 2019 година.

Според предлогот министерот истовремено ќе биде и потпретседател на Европската комисија, ќе претседава со еврогрупата и ќе ја контролира работата на ЕМФ.

Ќе работи и на промовирање и пружање поддршка за координација и имплементација на реформите на членките на ЕУ, а ќе биде одговорен и за идентификување на соодветни фискални политики за еврозоната.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.