Додека Велија најавува враќање на Хедис, неговите фирми должат 2,4 милиони евра за данок на државата

4193 Views Ноември 11, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Двете фирми, Хедис ДОО-Скопје и Хедис маркети ДОО-Скопје на бизнисменот Велија Рамковски должат вкупно 146 милиони денари или околу 2,4 милиони евра за данок на државата покажува последната листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи (УЈП).

Според УЈП, Хедис ДОО должат вкупно 136.100.616 денари, од кои за ДДВ, 98.020.786 денари, за Данок на добивка, 1.665.229 денари, за персонален данок на плати и придонеси, 12.291 денари, за персонален данок по други основи 36.402.310 денари.

Хедис маркети пак должи 10.612.378 денари данок на државата од кои 8.137.808 за ДДВ и 1.736.664 за персонален данок.

Во мај годинава на Централниот регистар беше објавено дека е финализирана стечајната постапка за Хедис маркетите.

Според информацијата објавена на Централниот регистар со Решение IV СТ-60/17 од 20.04.2017 година на Основен суд Скопје 2 Скопје е заклучена стечајна постапка над Друштво за трговија Хедис маркети ДОО Скопје.

После седум години поминати во затвор, Велија Рамковски неодамна излезе од затвор поради лекување.

Тој неодамна најави враќање на Хедис маркетите и производите на македонскиот пазар. Според најавите се очекува веќе следната година да се возобнови брендот.

Фото: Фејсбук

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Велија веќе здружи 500 маркети, Хедис производите ќе се најдат на полиците од 2018 година

ЕКСКЛУЗИВНО Се враќаат Хедис маркетите

Отворен и затворен стечај за Хедис ДОО, една од фирмите на Велија Рамковски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови