Тилерсон: САД никогаш нема да ја прифатат анексијата на Крим

291 Views Декември 7, 2017 Свет Никола Осило

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Виена изјави дека санкциите кон Русија ќе останат во сила се додека нејзините воени сили не се повлечат од Крим. Во обраќање на заседание на Советот на министри на ОБСЕ, Тилерсон остро ја критикуваше улогата на Русија во украинскиот конфликт и порача дека САД никогаш нема да ја прифатат „окупацијата и обидот за анексија на Крим“.

„Санкциите на САД остануваат во сила се додека Русија не ги повлече вооружените сили од Донбас“, истакна Тилерсон.

Американскиот државен секретар ја обвини Русија го вооружува и обучува сепаратистите во Украина, посочувајќи оти годинава во зоната на конфликтот во источниот дел на земјата се убиени повеќе луѓе отколку минатата година.

Фото: RT

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!