Кафе бар, соцјализација, мултимедијално искуство: Новиот концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија

977 Views Ноември 11, 2017 Техно Редакција Емагазин

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје.

Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

Се состои од три области:  Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар.

Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат.

Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

„Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“, изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Денеска на отворањето на продавницата во City Mall (11. ноември), од 10:00 до 13:00 часот, за корисниците ќе има специјална понуда на Samsung смартфони, за еден денар.

За корисниците на Smart M, еден денар ќе биде Samsung J3 (2016), за Smart L, Samsung J5 (2017) и за корисниците на Smart Platinum - Samsung  S8+.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови