Fashion Group и „добредојде“ Macedonia Welcome Centre во кампањата „Со срце за секоја една”

1596 Views Декември 7, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Fashion Group и “Добредојде” Macedonia Welcome Centre се приклучуваат кон глобалната кампања “16 дена активизам против родово-базирано насилство”. 

Дел од секоја трансакција направена на 09.12.2017 година (сабота) во продавниците на Fashion Group во Skopje City Mall, ќе се искористи за поддршка на Организацијата на жени на град Скопје, односно за шелтер центарот за заштита на жртви од семејно насилство.

Истиот ден, на штанд поставен пред продавницата Women’secret, каде домаќин ќе биде „Добредојде” Macedonia Welcome Centre, ќе бидат достапни повеќе материјали поврзани со Организацијата на жени и нивните активности во однос на заштита на жртвите на семејно насилство. 

Во исто време, како мотивација за купувачите Fashion Group ќе овозможи промотивни цени во своите продавници во Skopje City Mall.

Ве покануваме да нè посетите и да се придружите кон оваа глобална иницијатива! 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести