Тешко се заработуваат, но лесно се трошат: Пет работи на кои фрлате пари

До пари лесно се доаѓа, но многу е тешко да се заработат. Дали се работи за шопинг или вечера во најскапите ресторани, луѓето многу често ги преценуваат своите можности и на крајот на месецот се наоѓаат во финансиски проблеми.

Поради тоа со парите треба да се располага внимателно. Според  Дејли Фајненс ова се работите на кои треба да внимавате ако сакате да ги зачувате своите пари.

Кредитни картички

Најлош случај за користење на кредитна картичка е кога немате пари да ја “покриете“. Ова е многу едноставен начин да “банкротирате“ и да натрпате дополнителни долгови кои тешко потоа ќе ги вратите.

Венчавка

Иако голем дел од паровите пред да се венчаат, сметаат дека вложените пари ќе им се “вратат“ преку традиционалните парични подароци од пријателите и роднините, се случува трошоците за венчавката, медениот месец и се што оди со ред да го пречекорат буџетот и тогаш настануваат финансиски проблеми.

Кабелска телевизија

Љубителите на филмови, серии и спортски емисии често избираат поскапи пакети со што повеќе содржини, па така сметката ќе биде дратсично поголема од онаа на основниот пакет. На избор на ТВ провајдер исто така може да се заштедат пари.

Автомобили

Честа пракса кај луѓето е да купуваат работи кои не можат да си ги дозволат, но тоа го прават поради “статус“ во општеството. Така е примерот со автомобилите. Многу луѓе влегуваат во непотребни кредити за да купат нов автомобил наместо за три пати помала цена да изберат поволен автомобил

Расфрлање

Некогаш на себе треба да си дадете “издишка“, но тоа не значи дека треба да се расфрлате со пари, но многу луѓе го прават токму тоа. Иако се свесни дека немаат многу пари, купуваат нови чевли, одат во најскапи ресторани или го частат целото друштво во локалното кафуле.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести