Сексуално ги злоупотребувал американските олимпијки: Доктор осуден на 60 години затвор

724 Views Декември 8, 2017 Свет Никола Осило

На 60 години затворска казна е осуден поранешниот доктор на американскиот гимнастичарски тим, Лери Насар поради сексуално насилство кое што го извршувал повеќе години врз американските олимпијки Ели Рајсман, Габи Даглас и Мекајл Марони.

За сексуално злоупотребување Насар го обвинија повеќе од 125 жени, од кои повеќето се занимавале со гимнастика, а дел од нив биле и малолетни.

Најрано од затвор Насар може да биде пуштен за 25 години. Судијката Росемари Аквилина по изрекувањето на пресудата најави дека казната ќе биде поголема од минималните 25 години.

Фото: Си-Ен-Ен

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!