Како големите трговски центри не тераат да трошиме повеќе пари

Над 50% од работите кои ги купуваме од трговскиот центар, не се во нашата листа за шопинг. Business Insider зборува со американски специјалист и открива дел од тајните на големите трговски центри, со кои тие ги привлекуваат посетителите да трошат повеќе.

Сето тоа започнува кога потенцијалниот потрошувач влегува во трговскиот центар, наведува американскиот бизнис сајт.

Шеталиштата се организирани така што протокот на луѓе да се насочи во спротивна насока од стрелките на часовникот. Тоа има врска со фактот дека 90% од луѓето пишуваат со десна рака и уживаат кога избираат стоки, а со неа ги допираат артиклите.

Ова правило се нарекува проток (The Flow) – луѓето се “програмирани” во повеќето случаи да го отклучуваат и заклучуваат автомобилот со левата рака и да комуницираат со стоките со десната.

Целта на организацијата на движењето во трговскиот центар е да ги натера гостите да ја опкружат целата зграда, така што многу, различни производи и облека се наоѓаат на нивниот пат. Скратен пат нема.

Прво се лоцирани продавниците со скапа стока. Потоа доаѓаат оние со поевтини производи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести