Распродажба на запленети предмети во УЈП: Автомобили од илјада евра нагоре

5275 Views Декември 8, 2017 Бизнис Никола Осило

На јавна аукција што ќе се одржи на 26.12. годинава и на слободна продажба Управата за јавни приходи ќе понуди различни видови движни и недвижни предмети запленети од даночни должници.

На аукцијата се нудат деловни објекти, земјоделско земјиште, машини, телевизори и повеќе автомобили како фиат пунто, опел астра, товарни возила, цистерни и многу други.

Почетните цени за автомобилите варираат и во зависност од годината на производство и видот на возилото се движат од 1.000 евра нагоре.

Детална листа од запленетите предмети кои се предмет на продажба ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!