Надлежните во општина Аеродром трагаат по кучето што нападна шест лица

531 Views Декември 8, 2017 Локално Редакција Емагазин

Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето што нападна шест лица синоќа меѓу булеварите АСНОМ и „Јане Сандански“. 
 
- Град Скопје, со екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, веднаш по пријавувањето на инцидентот излегоа на терен. Според општинската евиденција, досега нема регистрирани пријави за агресивно куче со тој опис на конкретната локација. Случајот е пријавен во МВР, наведуваат од општина Аеродром. 

фото: blogger.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.