Анима мунди бараат одговорност: Нападите во скопски Аеродром се случиле од расно куче

1545 Views Декември 8, 2017 Локално Редакција Емагазин

Здружението за заштита на животните Анима Мунди во реакцијата по повод синоќешниот случај на неколку напади врз шест лица, меѓу кои и деца од страна на куче - скитник во Аеродром наведува дека станува збор за расно - куче, а вината ја лицираат во неодговорните сопственици кои го пуштиле на слобода.

- Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност – во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат, наведуваат од Здружението.

Изразувајќи дека се потресени и засегнати лично, наведуваат дека нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон и оти се обидуваат да го лоцираат сопственикот, односно тој што го ослободил. 

Од Анима мунди, воедно, информираат дека првпат наидуваат на институционална подготвеност да се третира и надмине овој проблем, поточно интензивно се работи со Град Скопје за да се дефинираат хумани, применливи и ефикасни мерки што ќе го решаваат проблемот со бездомните кучиња, и стационар Вардариште. 

фото: blogger.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.