Црната дупка ПИОМ: За 256 отсто пораст на буџетските пари за исплата на пензии

1017 Views Ноември 13, 2017 Бизнис Никола Осило

Откако се покажа дека во предлог-буџетот за 2018 година се предвидени половина милијарда евра за покривање на дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) добро е да се види колкав пораст на буџетските пари што ги јаде ПИОМ има во изминативе години.

Според извештаите, изворните приходи на ПИОМ во 2016 година, во однос на 2007 година, се зголемени за 54,33%, а средствата од Буџетот на Републиката за 256,29%.

Во периодот од 2007 до 2016 година, исто така, се зголемуваа и расходите, како резултат на зголемувањето на бројот на корисниците на пензија и извршеното усогласување на пензиите.

Расходите за исплата на пензиите во 2016 година, изнесуваа 48,2 милијарди денари и во споредба со 2007 година се зголемени за 83,42%, расходите за плати на вработените се зголемени за 3,68%, а другите расходи бележат намалување, додека вкупните расходи во споредба со 2007 година се зголемени за 87,64%.

Фото: One health care

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Најмногу пари ќе лапнат пензионерите: Пола милјарда евра од Буџетот 2018 ќе одат во фондот за ПИОМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!