Да и помогнеме на Јована да прооди и да исправиме грешка на македонското здравство

Јована Станковска (14) боледува од Церебрална парализа и до сега има направено неколку неуспешни ортопедски операции во Македонија, информира нејзиниот татко Антонио Станковски.

И поради тоа, како што вели тој во писмото до јавноста, корекциите на неуспехот завршија со две операции на двата колка во Израел.

„Нејзината шанса за понатаму во животот да застане на нозе е лекување и вршење на трансплантација на матични клетки „Неуровита“ во Москва.

За да има успех мора да се направат повеќе третмани со матични клетки. Главната пречка поради која не може да замине во Москва се финансиските средства од 21 илјада евра само за првото одење (сите детални испитувања, трансплантација на матични клетки, вежбање и сместување во болницата за девојчењето и еден родител).

Дополнително оптоварувањ се и трошоците за авионски карти и сместување на вториот родител (што е неопходно) поради состојбата.

Следните третмани (2,3,4) кои треба да се прават на 4-5 месеци ќе чинат 13.000 евра плус, дополнителни трошоци“, се вели во писмо.

Родителите на Јована не се во можност да ги обезбедат овие големи средства, затоа бараат донации за да и се подобри и олесни животот на малата Јована.

Може да донирате на телефонските броеви

143 111 Телеком

143 482 ОНЕ ВИП

Жиро-сметка

Комерцијална банка 300091000001889

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.