Хрватките Дарија и Ирис се првите две сестри кои го искачија Монт Еверест

450 Views Декември 9, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Хрватките Дарија и Ирис Бостјанчиќ од Ријека, членки на женската хрватска експедиција, се искачија на највискиот врв на светот Монт Еверест (8.848 мнм)

Сестрите се први жени кои се искачија на Монт Еверест за оваа година, но станаа и првите сестри кои истовреме стигнаа на „капата на светот“. За време на качувањето цело време дувал силен ветер, а температурата била 50 степени под нулата. Проблемите кои ги имале биле вообичаени. За искачување на Монт Еверест се пдоготвувале 14 месеци.

Тие, заедно со уште девет други жени, учествуваат во една од најсложените акции на Хрватскиот планинарски сојуз.

извор/фото:  24sedam.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.