Борисов: Мора да се обединиме и да го решиме проблемот со името

1211 Views Декември 9, 2017 Македонија Никола Осило

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да и помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат некакви ултиматуми.

Ова го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Михај Тудосе.

„Ние сакаме да ја одработиме својата задача и дури тогаш да посочиме што предлагаме, а на нив е да одлучат дали го прифаќаат тоа или не“, истакна Борисов.

Фото: bbc.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!