Во Колумбија уапсен наследникот на Пабло Ескобар

1035 Views Декември 9, 2017 Свет Никола Осило

Колумбиската полиција го уапси Хуан Карлос Меса, еден од најбараните криумчари на дрога, за чие апсење САД понудија награда од два милиони долари.

Меса, наречен Том, ја предводеше „Аптека Енвигадо“, криминална организација, формирана по падот на најголемиот колумбиски нарко бос Пабло Ескобар, кого полицијата го уби во 1993 година.

Меса е осомничен и за поврзаност со кланот Голф, главен колумбиски тим на трговци со дрога. Меса бил уапсен додека го прославувал роденденот во присуство на повеќе жени и еден од „поручниците“ на Ескобар.

Фото: Daily mail

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!