Руски милијардер од некогашниот остров на Аристотел Оназис ќе прави луксузен ресорт

1398 Views Декември 10, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Грчкото министерство за економија му даде дозвола на рускиот милијардер Dmitry Rybolovlev, островот Skorpios да го претвори во луксузен ресорт, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Како што пишуваат грчките медиуми, островот кој пред неколку децении го поседуваше најбогатиот грк, Аристотел Оназис, кој го купил за 3 милиони драхми во 1963 година, беше продаден од неговата ќерка, Атина, за 130 милиони долари на ќерката на Rybolovlev, Ekatarina во 2013 година.

Rybolovlev го купил островот како роденденски подарок за неговата ќерка.

Според Proto Thema целиот проект ќе чини 120 милиони евра, а ќе се градат луксузни вили со базени, спа, спортски објекти...

Дел од дрвјата кои лично ги засадил Оназис ќе бидат зачувани, како и познатата Пинк вила.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.